Жени во костими за капење со гордост го покажаа своето тело без разлика на нивната големина, висина, кожа, „недостатоци“

Организирана модна парада за позитивна слика на телото со цел „соблекување на сите видови на предрасуди“

Секогаш постојат моменти кои го дефинираат начинот на нечие размислување, барем кај оние кои се во потрага по себе си. Тие треба да се зграбат затоа што само тогаш се освојува можноста да бидеш горд/а. Десетина жени го направија тоа и без разлика на својата големина, висина, кожа или таканаречени “недостатоци“, излегоа само во костими за капење во срцето на Скопје, плоштад Македонија, пред сите.

Настани од ваков тип ретко се случуваат низ целиот свет, но секогаш оставаат долготраен впечаток. Лисца, организаторот во Скопје, на меѓународно ниво има поддржано две движења во Милано. Мотивирани од влијанието и водени од искуството, Лисца одлучи да ја пренесе позитивната енергија и моќта на сите жени. Тие сакаат да им покажат дека тие, сите до една, се прекрасни. Како на Пјаца Дуомо во Милано, така и на Плоштад Македонија во Скопје, жените излегоа пред јавноста и ја нагласија гордоста која ја имаат за себе и своето тело. Тие чекореа со крената глава и насмевки на нивните лица.

Модната парада за позитивна слика на телото беше насловена “Горда што сум своја“. Истата за прв пат се одржа во Скопје и имаше за цел да каже НЕ на дискриминацијата. Мисијата е да се убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.

Лисца е бренд кој е секогаш е посветен на убавината на секоја жена и е ентузијастички поддржувач на иницијативата #proudtobeme. Пример за тоа се нивните модни линии кои можат да го зголемат чувството на самодоверба и кохезија.

x

Check Also

Доделени Еуролинк стипендии за 30 студенти од Правен факултет „Јустинијан Први“, во вкупна вредност од 1 700 000,00 денари

Во насока на реализирање на годишните активности, вчера во просториите на Еуролинк Осигурување ...