Женскиот квартет The Frajle настапуваат во Битола

Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава започна со двата концерти на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на Февруари поточно на 29-ти, сабота, од 20 часот ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет The Frajle.

Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како “Војводинско танго” во 11 години “музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метра во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 Февруари Битола е на календарот.

Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, The Frajle се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа во кои ја пеат “Битола, мој роден крај”, а сите оние кои сакаат да ги слушнат четирите дами, во едно шоу, на 29 Февруари можат да дојдат во Битола.

Картите  ќе бидат пуштени во продажба од 19-ти Февруари од 16 часот на билетарата во Центарот за култира во Битола.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...