Жито Лукс донираше производи за децата со и без хендикеп од Театар без дискриминација „Игри без маски“

„Целта на оваа донација е да го одбележиме Светскиот Ден на детето и да се обидеме овој ден да го направиме посебен за сите деца, без дискриминација. Овој пат, нашата поддршка ја дадовме на Театар без дискриминација „Игри без маски“ и со тоа сакаме да испратиме порака дека секој заслужува еднакви можности, да се социјализира, да ужива во животот и да биде дел нови доживувања.“, изјави Лидија Трајковска – Ристовска, одговорно лице во секторот за маркетинг на  Жито Лукс АД Скопје.

zito 1

Пакетчиња со производи од Жито Лукс, додели компанијата за повеќе од 200 деца со и без хендикеп дел од Театар без дискриминација „Игри без маски“. Со ова Жито Лукс го одбележа 20-ти Ноември, Светскиот Ден на детето. Пакетчињата им беа врачени на децата за време на дводневниот национален избор на традиционалниот драмски фестивал кој се одржа на 22ри и 23ри ноември во Драмски театар Скопје.

Театарот Игри без маски е прв драмски фестивал од ваков вид на Балканот, со единствена цел, инклузија на лицата со инвалидност и отворена можност за нивно креативно изразување, во организација на Здружение на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“, Скопје.

Оваа донација е само една од активностите што ги презема Жито Лукс за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории. Како резултат на овие заложби, компанијата ја создаде кампањата „Храна подарена од срце“, наменета за помош на институции за згрижување на социјално ранливите категории и се спроведува во континуитет со донации во повеќе различни центри или социјално згрижувачки установи. Со ваквиот ангажман, компанијата ја покажува својата општествено одговорна страна и ја продолжува низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа, секогаш излегувајќи во пресрет на потребите на социјалните институции во Македонија.

 

x

Check Also

Не вежбајте со шминка на лицето, преопасно е!

Сите знаеме дека да се носи мејкап на вежбање не е добро ...