Жито Лукс продолжува со помош онаму каде што е најпотребно!

Жито Лукс и во Новата Година продолжува со хуманитарните активности насочувајќи ги онаму каде што е најпотребно, односно кон најранливите категории на граѓани, а пред сѐ кон децата.

Компанијата од декември минатата година дел од средствата од секој купен производ од своето портфолио во Тинекс маркетите, ги донира за помош и подобрување на условите на функционирање на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Оваа хуманитарна активност ќе трае до 12 јануари и е само една во низата хуманитарни подвизи кои компанијата ги презема со цел помошта да стигне таму каде што е најпотребна.

Изминатата 2020 година беше исклучително неизвесна и тешка за сите, а особено за ранливите категории во нашата држава, па помош од секаков вид беше добредојдена. Жито Лукс уште од самиот почеток на кризата предизвикана со Ковид-19 донираше прехранбени производи преку Црвен Крст, за да продолжи со истиот интензитет и хуманост во текот на летото со донации во институциите и организаците кои помагаат на децата без родители – СОС Детско село, One Can Скопје, Проект Среќа, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и други.

Од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле ја поздравија ваквата иницијатива која, во овие кризни времиња на светска пандемија и тешки моменти за здравствениот систем и државата, е од особена важност.

Да бидеме хумани заедно, за малку полесна Нова година за сите.

 

 

 

x

Check Also

Хороскоп за 2021 година: Кој ќе заработи најмногу пари?

Кој најмногу ќе заработува во 2021 година, а кој најмногу ќе троши? ...