Жито Лукс XL натпревар во готвење – приготвување на најстабилниот сендвич на Фичо

Кога подготвуваме големи и вкусни сендвичи, една работа на која треба да внимаваме е редоследот на состојките, односно комбинирањето на состојките. Зошто? Одговорот е едноставен, да избегнеме лизгање на состојките и растурање на самиот сендвич при гризењето.

Со цел инспирирање поголема креативност во создавањето сендвичи и притоа задоволување на најпребирливите вкусови, Жито Лукс организираше „XL натпревар во готвење“, при тоа најдобрите во својот занает, блогери, готвачи и ентузијасти за готвење, Софка, Теа, Фичо и Цуклев, се натпреваруваат и даваат корисни совети за создавање највкусен сендвич со XL парчињата леб од Жито Лукс.

Последната категорија на XL натпреварот во готвење беше оценување на најстабилниот сендвич кој воопшто не се растури при дегустацијата. Највешт во оваа категорија беше ѕвездата на блогот Готвиме со Фичо, Филип Поповски.

Фичо за најстабилниот сендвич ги избра следните состојки: XL бел леб на Жито Лукс, намаз од мајонез, копар, вода од кисели краставички и лук, ајсберг салата, гауда, мортадела, домат, кисели краставички и црвен кромид. Неговата умешност во комбинирање на состојките и нивниот редослед придонесе слоевите да се држат цврсто и ништо да не падне на даската за сервирање, дури ни по огромниот гриз на судијата.

Сите видеа од натпреварот може да се погледнат на YouTube каналот на Жито Лукс како и на Фејсбук фан страницата. Со Жито Лукс секогаш се добива и повеќе отколку што се очекува, а сега со новите XL парчиња потрошувачите добиваат нова задолжителна состојка за XL сендвичи, за уште поголемо уживање.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...