Жизел Бундхен и нејзината сестра близначка го прославија 39-от роденден

Најплатениот модел на светот, Жизел Бундхен, и нејзината сестра близначка Патрисија го прославија нивниот 39 роденден.

Поранешниот ангел на Викторија сикрет на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија. Во постот таа и го честита роденденот на сестра си со нежна порака, напишана и на португалски јазик.

Патрисија во еден период од својот живот беше дел од модниот свет, но потоа се повлече во помирни води и сега е менаџерка на својата славна сестра. Иако си личат, интересите и карактеристиките им се сосема различни.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...