Жизел со мајка ѝ позира за новата козметичка кампања на Диор

Супермоделката Жизел Бундшен е ѕвезда во новата козметичка кампања на Диор – Dior Capture Totale.

Кампањата е лансирана на Денот на мајката, па Жизел се појавува со својата мајка Ванија од која очигледно ја наследила убавината.

Од насмевката до цртите на лицето, сличностите на овие две убавици од различни генерации се забележителни.

Покрај фотосесијата, тие се појавуваат и во кратко видео во кое Ванија зборува за самодовербата во раната кариера на Жизел.

x

Check Also

Сега имате време, направете смеса за чистење и светнете ги четкичките за шминка

Може да имате најскапи и најквалитетни четки за шминка, но ако се ...