Зима 2018/19 со новата колекција на Алшар

Оваа зимска колекција на Алшар, со кроевите, формите, асиметријата и боите се надоврзува на есенската колеквија “Skopje Streets“.
Покрај белата, сивата и црната боја, во колекцијата се вметнати и смарагдно зелени парчиња изработени од топла плетена чипка и парчиња од фино кадифе со принт во зелени тонови.
Колекцијата ја сочинуваат најмногу фустани и елеци-фустани кои можат да се носат самостојно и искомбинирани со друга гардероба. Со асиметрични форми, парчињата се урбани, шик, погодни за носење и преку ден и навечер.
Колекцијата содржи и неколку ексклузивни капутчиња во сива-сребрена боја со асиметрични детали наменети за вечерни дотерувања.
Ова е само дел од колекцијата која ќе се дополнува постојано во текот на периодот. Дизајнерка е Силвија Михајловска, фотографиите се на Крсто Златков, а за колекцијата позира моделот Маја Илиоска.

 

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...