Зима 2018/2019 со Алшар, новите модни парчиња веќе се во продажба

Продолжува зимската приказна на Alshar Winter Collection 18/19 во ателјето Alshar.
Новите креации ја дополнија понудата на дизајнирани парчиња од бели, сиви, зелени и црни тонови. Доминираат фустаните и елеците-фустани кои можат да се носат самостојно или во други комбинации за урбан и шик изглед.
Зимската колекција е препознатлива по асиметричните форми, а сите креаиции се погодни за носење во секоја пригода, за дневни или вечерни излегувања.
Нам ни се допаднаа посебно палтата во сивкасто-сребрена нијанса со брошеви и асиметрични детали.
Во продолжение погледнете дел од новите модни парчиња на Алшар.
Дизајнер- Силвија Михајловска, фотографии – Крсто Златков, модел – Маја Илиоска.

 

x

Check Also

Топ 8 модели на кожени панталони од популарните модни марки

Еден од најголемите хитови на оваа есен/зима се панталоните од кожа или ...