Зима 2021 со & OTHER STORIES, новите изгледи се инспирирани од францускиот шик стил

Зимските изгледи во новата колекција на популарната модна марка & OTHER STORIES се инспирирани од париската улична мода. Колекцијата го носи насловот French girl.

Моделите се со долги ракави, пто ги прави совршени за сезоната на студени денови. Ако барате шик џемперче, плетен фустан или кардиган – сега сте на вистинското место.  Деталите кои ги украсуваат моделите го внесуваат и францускиот шарм.

Од палетата на бои доминираат светло сивата, розовата, темно сината, белата и црната нијанса, лесни за комбинирање со други модни парчиња, особено совршени со фармерки, високи чизми или рамни кожени чевли.

Во продолжение, погледнете ги нашите фаворити од колекцијата.

 

x

Check Also

Дотерајте ги најмилите за празничната сезона: попусти во Carter`s & OshKosh!

Празничната сезона е пред нас и секако размислувате да внесете волшепство во ...