mango

Зима во бојата на виното со Mango, Zara и &Other Stories

Темноцрвената нијанса е идеална за зимските денови, а модните марки ни нудат модни парчиња во оваа нијанса за деловни, дневни и вечерни комбинации.

mango

Најголем избор на убави модни парчиња во бојата на виното најдовме во зимската колекција на Манго. Тука се и високите и ниски чизми во оваа нијанса, кои не само што се впечатливи, туку и лесно се комбинираат со останатиот дел од гардеробата.

Софистицирани модели има и во Зара, а помладешки достапни се во продажба во &Other Stories.

За популарноста на оваа нијанса се заслужни и Меган Маркл и Кејт Мидлтон. Кејт во неколку последователни наврати носеше палта и фустани во бојата на виното, додека војвотката од Сасекс, која важи за трета најмоќна инфлуенсерка во 2018 година, се појави во фустан и капут во темноцрвена нијанса.

Погледнете ги нашите фаворити за зима 2019.

x

Check Also

Топ 5 модели на тексас сукњички од популарните модни марки

Се разбира дека таксасот никогаш не излегува од мода, а на пролет ...