Луксузната модна марка за костими за капење Zimmermann ја лансираше кампањата за пролет/лето 2019. Фотосесијата на која се претставени новите модели на костими за капење за актуелната сезона е снимена во Куба. Пред фотообјективот на Бени Хорн позира холандската убавица Бирџит Кос.Оваа сезона акцентот е на колоритните костими за капење без разлика дали се дводелни или едноделни. Од деталите доминираат карнерите и врвците во бохо-стил, а освен флоралниот принт предност има и популарниот „анимал“ принт. Погледнете што ни предлага Zimmermann за пролет/лето 2019.