Зимски колач со смокви, чоколада и бадемчиња, ја грее душата!

Внесете ги зимските најубави миризби на вашата трпеза подготвувајќи го овој превкусен колач.

Потребни се – 400 грама смокви, 200 грама мелени бадеми, 180 грама чоколада за готвење, 100 грама шеќер во прав, 5 јајца, 30 грама густин, 5 грама ванилин шеќер, 5 грама прашок за пециво, малку путер, 1 лимон.

Подготовка

Измијте 250 грама смокви, избришете ги и крупно исечкајте ги. Стевете ги јајцата во сад со шеќерот во прав и со миксер матете пет минути, додека не добиете многу пенеста и светла смеса.

Мелените бадеми помешајте ги со изренданата чоколада во друг сад. Додадете ја ренданата кора од лимон и густинот, потоа сечканите смокви, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Малку по малку додавајте ја и смесата од јајца и шеќер и мешајте со нежни движења одоздола нагоре.

Добиената смеса претурете ја во сад за печење претходно намачкан со путер. Останатите смокви исечкајте ги на кругови и ставете ги на површината на смесата во калапот. Колачот печете го во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 40 минути. Кога ќе го извадите садот од рерна, превртете го колачот за да се излади, потоа серирајте го во чинија за послужување.

x

Check Also

Кремаст спанаќ во бешамел сос

Подготовката на спанаќ со млеко претворете ја во посебно јадење на кое ...