Зимски сладолед од тиква, банани и цимет

Уживајте во сите миризби на зимата и во омилениот десерт-сладоледот, но овојпат од тиква. Рецептот се подготвува многу едноставно.

Потребни намирници – една помала тиква (околу 500 грама), 3 банани, малку цимет, куркума, кардамон и мускатно оревче, малку вода.

Подготовка 

Исчистете ја и излупете ја тиквата. Исечкајте ја на коцки и ставете ја да се вари. Варете 15-на минути, и кога ќе биде целосно мека, оставете ја да се излади. Откако ќе биде ладна, ставете ја во замрзнувач. Истотака и исчистените банани ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, извадете ги и може да го направите сладоледот. Во блендер или во сад за миксер ставете ја тиквата, бананите, зачините и многу малку вода. Кога смесата ќе се соедини, префрлете ја во сад и ставете ја во замрзнувач. Оставете ја во замрзнувачот уште половина час. Сервирајте го сладоледот, наросете врз него цимет (може и малку мед) и уживајте во есенските вкусови и миризби.

x

Check Also

Кадаиф со мелено месо во сос, прсти да излижеш!

Кадаиф со мелено говедско во сос, односно „кадаиф манти“, специјалитет кој се ...