Ѕирнете во домот на Мерил Стрип кој сега е на продажба

Славната глумица Мерил Стрип живее во апартман од 400 квадратни метри во Њујорк. Од балконот на овој апартман таа ужива во неверојатниот поглед на градот и реката. Сепак, апарманот го огласи за продажба.

Апартманот на Мерил Стрип е лоциран во њујоршката „Трибека“, а се продава за 18 ипол милиони долари. Глумицата ја спуштила цената која до неодамна била 24 ипол милиони долари. Овој извонреден стан зафаќа цел кат од градбата наречена Ривер Лофт која во 2004 година ја изградиле познатите архитекти Tsao & McKown. Апартманот нуди поглед на Светскиот тгровски центар од едната страна и Крајслер и Емпајер зградите од другата страна.

Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гумер го купиле овој четворособен пентхаус со четири купатила во 2006 година по цена од 10 милиони долари. Една од главните карактеристики на станот е тоа што градбата е отпорна на папарацо фотографии, а станарите можат со приватен лифт да се спуштат до гаражата и без пречки да излезат надвор. Оваа карактеристика привлекла и други славни личности, како на пример, Гвинет Палтроу која исто така, до неодамна, тука живеела.

Балконот е широк три метри и дава можност да се ужива во панорамата на Менхетен, но и можност за мала зелена оаза во срцето на бетонската џунгла.

x

Check Also

Новите FREEBUDS 3 HUAWEI безжични слушалки испорачуваат нови интелигентни звуци користејќи KIRIN A1

Huawei ги претстави своите безжични слушалки HUAWEI FreeBuds 3 за време на ...