Ѕирнете во новата луксузна вила за одмор на Роналдо

Новата луксузна вила за одмор на фудбалскиот ас Роналдо се наоѓа во шпанската Марбеља, а купена е за 1.6 милиони долари.

Вториот најплатен спортист во светот се почестил со четворособна викендица, а еден од соседите му е Конор Мегрегор, најплатениот УФЦ борец. Меѓу соседите на Марбеља се и славниот голман Томас Соренсен и поранешниот ирски фудбалер Стивен Кар.

Вилата има чисти линии и бела фасада која е преубав контраст на синото море. Високите плафони и огромните прозори пропуштаат изобилство светлина во просторот, додека елегантните скалила ги поврзуваат двете нивоа.

Во составот на вилата се и винскиот подрум, приватната теретана и кино-сала.

Екстериерот пак, вклучува огромна градина и„инфинити“ базен.

x

Check Also

Неделен хороскоп (19ти до 25ти август): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Јарец

Во престојната седмица Венера ќе го напушти знакот Лав и ќе влезе ...