Ѕирнете во новата спектакуларна вила на Алиша Кис, славната The Razor House

Од пред неколку дена познатата пејачка Алиша Кис (38) ја купи спектакуларната вила The Razor House која беше инспирација за изглед на куќата на Ајрон Мен. Истовремено, ова е и најскапата вила во Калифорнија.

Со неверојатен поглед на океанот, вилата ја дизајнирал прочуениот архитект Валас Е. Кунингам. Иницијално била ставена на продажба по цена од 30 милиони долари, минатото лето, додека пејачката Алиша Кис ја купи пред само неколку дена.

Внатрешниот дел е изграден од бел бетон, со функционални елементи од челик и стакло, а целата куќа поседува автоматизација, односно со далечински управувач може буквално да контролирате се.

Славната вила има 1.000 квадратни метри простор, два апартмани, две спални соби, читири купатила и два тоалета, две сауни, теретана, спа на покривот, кино просторија со звучно изолирани ѕидови и простор за скара на отворено. Тука е и одвоената куќа за гости од околу сто квадратни метри со две спални и две купатила.

Импресивен е големиот „инфинити“ базен, како и гаражниот простор дизајниран за 4 автомобили кој е поврзан со останатиот дел од домот со стаклен лифт.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...