Златко Јовановски: После 15 август ништо во модата нема да биде исто!

На 15 август во МКЦ со почеток во 20 часот младиот креатор Златко Јовановски и неговиот тим го организираат првиот Моден бал во Македонија.

zlatko 1

Програмата вклучува моден перформанс, доделување на благодарници, премиера на филмот „Let there be JZJ“ и модна изложба.

Младиот креатор Јовановски вели дека со овој настан планира да ги помести границите во модата во Македонија, ама и во шоубизнисот.

„После 15 август веќе нема ништо да биде исто. Самиот настан и делата кои ќе бидат прикажани ќе го направат посебен, уникатен, единствен. Посебно значење имаат модните перформанси, филмот и модната couture изложба. Филмот пак, го отсликува мојот живот и работата, личноста која постојано шокира. И филмот и изложбата се поделени во шест дела: околината и модните икони, умирањето, раѓањето на бесмртното модно суштество, модната икона и љубовта, модната икона и неговите најдобри пријатели – папараците и новинарите и модното кралство“, ни рече Златко.

zlatko 2

За модната изложба младиот креатор додава:

„Модната couture изложба е прва таква во Македонија. Имало многу модни изложби, но ниедна немала толку дела. На изложбата ќе има шапки, цртежи и скици, чевли, модни додатоци, тоалети, сценски и други костими. Ќе биде волшебно. Посакувам секој кој ќе дојде тој ден на настанот да се почувствува како во едно модно царство“, вели Златко.

x

Check Also

Што е најважно во зрелите години на една жена?

Швајцарскиот бренд “Revalid®” лансираше два производи кои го забавуваат процесот на стареење ...