Златна насловна страница за Серена Вилијамс

Се што ќе се објави за Серена Вилијамс, го „урнува“ Интернет. Без разлика дали станува збор за некој фантастичен резултат или за некој моден обид. Едноставно, оваа тенисерка луѓето ја обожуваат, токму поради нејзиниот воинствен, а искрен карактер.

Овојпат, таа се најде на насловната страница на списанието Harper’s Bazaar. Во ова августовско издание на списанието, Вилијамс не само што ја краси насловната, туку во едиторијалот раскажува за своите предизвици, успеси, неуспеси, борби…

На насловната таа позира во секси фустан од Ралф Лорен, чевли со виоски потпетици од Лубутен и накит од Блгари.

На инсистирање на тенисерката, насловната страница не претрпела никаква фотошоп интервенција. Во есејот пак, таа ги охрабрува девојките да го прифатат своето тело такво какво што е.

 

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...