ЗЛАТНА РИПКА ВРЕДНА 1.000.000 УЛОВЕНА ВО „АНАФИЛ“  КОЧАНИ

Државна лотарија на Македонија со задоволство ни го претставиме Јорданчо Стојанков, добитник на главната премија од 1.000.000 денари од инстант лозот Златна рипка.

Среќниот добитник е од кочанското село Грдовци, сопственик е на автосервис и за себе вели дека е верен на игрите на среќа на Државна лотарија со години наназад.

Со сопругата и двете дечиња, Светлана и Јована и со добитниот инстант лоз купен во Анафил во Кочани, дојде за исплата на добивката во регионална благајна на Државна лотарија во истиот град.

Пресреќни и возбудени, се согласија да ја споделат среќната приказна и со тоа да ги поттикнат играчите да бидат упорни и да веруваат во среќата затоа што таа изненадува кога најмалку очекуваме.

Јорданчо, покрај секојдневните работни обврски, во слободно време при прошетка со своето семејство често ја предизвикува среќата со купување инстант лозови. Омилени инстант лозови на целото семејство се Златна рипка и инстант лозот – Доме, сладок Доме.

Минатата недела, при секојдневна прошетка во Кочани, од продажното место „Анафил“ купиле 4 инстант лоза Златна рипка, пред сè за забава со откривање на полињата и можните помали добивки. Меѓутоа, воопшто не очекувале дека ќе ја откријат главната премија.

Бројот 12, на семејството Стојанкови, му исполни желба вредна 1.000.000 денари.

Најрадосни за добивката се ќерките Светлана и Јована за кои следат бројни подароци, а Јорданчо и неговата сопруга велат дека ќе продолжат да се забавуваат, но овојпат со најдомаќинскиот лоз на Државна лотарија – Доме, сладок Доме.

Продажното место „Анафил“ во Кочани е едно од најсреќните места во нашата земја. На барање на играчите од кочанскиот регион, Државна лотарија, минатата година, отвори благајна за исплата на добивки од игрите на среќа, па сега среќата е уште поблиску и побрзо стига до добитниците.

– Златната рипка на Државна лотарија крие уште многу парични добивки кои чекаат на Вас, а ние Ве чекаме со нетрпение да ги слушнеме Вашите среќни приказни, велат од Лотарија на Македонија.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...