Златните маски за лице се тренд меѓу ѕвездите во карантин

Супермоделките продолжуваат да се негуваат и за време на самоизолацијата. Но, интересен тренд се шири на социјалните мрежи – златни маски за лице.

Џиџи Хадид не е единствената ѕвезда која го промовира овој тренд. Златните маски за лице ги практикуваат и нејзините колешки Ирина Шајк и Каја Гербер. И бројни други модели.

 

Маската што ветува совршена нега всушност содржи листови од  24-каратно злато. Токму оваа маска е  страст на супермоделите. Последна што го тестираше луксузниот третман, потпишан од израелската визажистка Мими Лузон, беше Џиџи Хадид. Супермоделот ја објави на Инстаграм фотографијата со специјалната маска на лицето која помага да се обноват клетките и да се забави природниот пад на производството на колаген.

Инаку, маската е во Интернет продажба и чини 200 евра.

Третманот со златни лисја е погоден за сите типови кожа, и дава на кожата непосреден сјаен ефект, ја намалува сувоста, а дополнително и дава на кожата поздрав изглед, подобрувајќи ја еластичноста и микроциркулацијата.

Според легендата, и египетската царица Клеопатра го користела златото во третмани за убавина.

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...