Знаете што треба да јадете пред и по тренингот?

Што јадете и кога јадете може навистина да влијае на вашата подготвеност за време на тренизнте. Затоа ги следиме советите од стручните лица во оваа област кои потенцираат што треба да се јаде пред, за време и по вежбањето. Без разлика дали тренингот се однесува за намалување на тежината или за зголемување на мускулната маса, вашата исхрана треба да биде во согласност со вашите активности.

Тоа не значи да бидете на диета, туку да внесувате соодветна количина на белковини, јаглехидрати и здрави масти. Стручњаците велат дека ако сакате да слабеете, треба да го намалите внесот на дневните калории за 300 до 500, но ако сакате да работите на мускулната маса тогаш додадете 300-500 калории во вашиот дневен внес на храна.

  • Храна пред тренингот
    Иако повеќето мислат дека не треба да се јаде пред тренингот, треба да се направи токму спротивното. Јадете два часа пред тренингот, бидејќи така ќе имате доволно енергија во текот на тренингот и ќе овозможите согорување на калориите. Внесувајте јаглехидрати кои ги има во житарките, јогуртот со ниски масти, тестенините, кафениот ориз, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте заситени масти и белковини, а ако имате само 5 до 10 минути пред тренингот одлучете се да изедете овошје како што се јаболката или бананите.
  • Храна за време на тренингот
    За време на вежбањето, не треба да се консумира храна, туку да се испие доволна количина вода.
  • Храна после тренингот
    За да им помогнете на вашите мускули да се “опорават“, јадете два часа по тренрингот и тоа храна која содржи јаглехидрати и протеини.

 

x

Check Also

Диета со волшебна супа за брзо слабеење

Диетата наречена волшебна супа не само што помага брзо да се ослободите ...