Зоган-јапонска масажа за подмладување на лицето

Интересирањето за јапонската масажа за подмладување наречена Зоган станува се поголемо на Западот. Прилично е едноставна, лесно се учи и достапна е за сите, а одзема само околу 7 минути дневно.

Јапонците гарантираат дека само после десеттина дена резултатот на лицето е видлив со Зоган масажата. Видливо е елиминирањето на брчките, подуеноста на лицето, исчезнуваат подочниците, а се решава и проблемот со подбрадокот.

Оваа лимфна масажа ослободува од токсини и од ткивото ја ослободува наталожената течност, ги релаксира мускулите на лицето, ја затегнува кожата и благотворно делува на протокот на крвта.

Масажата се изведува со крема или масло кое се нанесува на претходно исчистено лице.

Видеото покажува како се изведува Зоган масажата. Не ви е потребно ни огледало, може да ја практикувате и пред компјутерот повторувајќи ги движењата додека не ги запомните.

x

Check Also

Како најбргу да добиете бронзен тен на плажа

Повеќето од нас сакаат што побрзо да фатат боја сончајќи се под ...