Зои Кравиц е бјути амбасадорка на Ив Сен Лоран

Американската глумица и пејачка потпиша договор со луксузната модна куќа Ив Сен Лоран од каде е ангажирана како бјути амбасадорка.

Како што е објавено на страниците на YSL Beauté, првата кампања со Зои Кравиц ќе биде претставена во текот на летото. Според зборовите на самата Кравиц, Ив Сен Лоран отсекогаш бил нејзин омилен козметички бренд, со производи кои имаат својствена сила и ароганција. Од друга страна, главните луѓе од Ив Сен Лоран ја опишуваат Зои како олицетворение на модерна млада жена каква што одговара на нивната мисија и визија.

Кравиц претходно соработуваше со други модни брендови, како што се Келвин Клајн и Александер Ванг.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...