Зошто Бариш Фалај е најдобриот негативец во турските серии

Турскиот актер Бариш Фалај ја изгради својата кариера играјќи моќни негативци во едни од најпознатите турски серии. Познатиот актер кој во 2017 година реши да се посвети на приватниот живот, се врати пред камерите и на екраните на почетокот на оваа година.

Бариш е лојален сопруг и посветен татко. Тој е во брак со турската актерка Есру Ронабар (39) со која се венчале на 7 јули 2006 година, а во 2009 година на свет пристигнал нивниот син за кого мајката го одбрала името Мави Рузгар. Мави на туски значи сино, а малиот на Бариш ги има најубавите сини очи.

Бариш се гордее што присуствувал на раѓањето на неговиот син.
„Татковците не ги носат бебињата, природата тоа им го додели на мајките, па заклучив дека барем моментот на раѓање можам да го споделам со Есра. И така се најдов во породилна сала. А кога денес сакам да ја налутам сопругата и велам:„Јас прв го видов бебето“. Секако, се расплакав кога толку малечок за прв пат го земав во раце“ – изјави актерот во едно интервју.

Кај нас познат по улогата на Али Керпетен во легендарната „Езел“ и Чемшит во „Девојката со црвена марама“, Бариш Фалај е еден од оние глумци кои убедливо и лесно ја тераат публиката да ги замрази истовремено сочувствувајќи со нив. Неговиот опус е исполнет со улоги на главни негативци во серии кои убедливо продолжуваат да ги освојуваат срцата на гледачите.

Фалај, кој одлично успева да им даде живот на различни ликови во своите проекти, вели: „Секоја улога со себе носи свои правила, и ме учи не нови нешта, на поразлични нешта. Кога и да започнам со некој проект, го давам најдоброто од себе и се надевам на успех“.

Тој е еден од најдобрите пријатели на познатиот „Езел“ – Кенан Имирзалиоглу. Открива дека пред секоја нова улога, тие имаат обичај да ги читаат сценаријата заедно и да споделуваат искуства.

Во моментов нашата публика го гледа Бариш во улогата на Чемшит во прекрасната љубовна приказна за двајца бунтовници – „Девојката со црвена марама“.

„Девојката со црвена марама“ зборува за убавата Асије, бунтовнички дух во мало гратче во Турција, која го запознава згодниот Илјас. Илјас, вљубеник во моторите, доживува несреќа на една од мотокрос патеките во гратчето на Асија. Оттука, нивната љубов на прв поглед расте брзо за само неколку дена – но носи свои проблеми.

Авантуристичката приказна на Асије, Илјас и Чемшит можете да ја следите секој ден од 18:20 на каналот Dizi Macedonia.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...