Зошто дизајнерите не сакаа да ја облечат Бебе Реџа за Греми

Црвениот тепих на Греми е своевидна модна ревија каде ѕвездите носат креации од популарните модни дизајнери кои пак, се обидуваат да ја искажат целата своја креативност и мајсторство преку креациите. Но, така не е за сите. Додека за некои ѕвезди модните дизајнери се „тепаат“ за да ги облечат, нудејќи им ги сами своите креации, пејачката Бебе Реџа добила неколку „корпи“. Односно, никој од познатите дизајнери не сакал да ја облече Реџа за Греми, и тоа поради една банална причина. Имено, Реџа носи конфекциски број од 36 до 38, а дизајнерите сакаат да облекуваат „стандардни“ тела на ѕвезди, односно ѕвезди кои носат конфекциски број 32 , па дури и 30 (икс или икс икс смол).

Бебе Реџа во креација од Монсури

Сепак, на доделувањето на наградите Греми (на кои беше номинирана за Најдобар нов артист и Најдобар Дуо перфоманс), пејачката од Косово, на црвениот тепих блесна во прекрасна црвена креација од луксузната модна марка Монсури.

Својата фрустрација ја сподели на Инстаграм со своите фанови, постирајќи пост на 21ви јануари, каде објасни дека се обидува да најде фустан достоен за црвениот тепих на Греми.
– Конечно сум номинирана за Греми и тоа е најдобрата работа која ми се случила, рече Реџа. Многу уметници разговараат со дизајнерите и тие ќе им направат фустани за црвениот тепих…И јас имам тим кој преговара со многу дизајнери, но многу од нив не сакаат да ме облечат бидејќи сум многу голема(дебела)“, забележа Реџа на Инстаграм. И додаде – Ако конфекцискиот број 34 до 36 е многу голем, тогаш не знам што да ви кажам. Тогаш не сакам да ги носам вашите  f-cking фустани. Ова е лудо. Сакате да кажете дека сите жени на светот кои носат конфекциски броеви 36 и повеќе, не се убави, и дека тие не можат да ги носат вашите фустани“.
По постираното видео со ваквите зборови (и пцовки упатени до дизајнерите кои ја одбиле), Реџа доби огромна поддршка од фановите, но и од некои ѕвезди, вклучувајќи ги и Тира Бенкс и Деми Ловато, но и од модната марка Монсури од каде и понудија да ја облечат за големата вечер.

x

Check Also

Тејлор Свифт одлично изгледа и со неколку килограми повеќе

Teen Choice Awards за првпат доделува награда за икона која со своето ...