Зошто доматот е корисен во слабеењето?

Доматот е вистински ас кога е во прашање губењето на килограми. Главниот адут на доматот е ликопенот. Црвениот пигмент кој се наоѓа во доматот ги намалува мастите во организмот. Ликопенот е истотака одговорен за чувството на ситост, а како резултат од него, доведува до чувство на задоволство.

Научниците од Универзитетот Рединг направија мало истражување. За да докажат дека доматот влијае на губењето на килограмите тие во истражувањето вклучиле 17 жени со средна градба,на возраст од 18 до 35 години. На волонтерите им биле понудени сендвичи со моркови, домати и крем-сирење. А најбрзо загубиле килограми оние кои се одлучиле да јадат сендвичи со домати.

Можеби самите факти дека доматот е здрава намирница и полна со витамини, а и одличен како антиоксиданс, не ви се доволни, но кога е во прашање диетата оваа намирница е најповолниот зеленчук кој може да го одберете. Чаша сок од домати има само 60 калории, при што добивате и одлична количина на клациум и витамин Ц, правејќи го совршен пијалок за меѓуоброк или за здрав појадок.

Доматот ја намалува желбата за храна. Имено, екипа на стручњаци од областа на нутриционизмот, дошла до сознание дека храната која има остар и киселкаст вкус силно делува на нашето сетило за вкус и на некој начин го преоптоварува, а така прави да се чувствуваме долго сити. Со самото тоа, помалку сме склони да посегнеме по храна и тогаш кога не сме гладни.

Уште една важна предност на доматот во диетите е што тој ја стимулира работата на цревата, која е неопходна за успешно слабеење. Дополнително, ја подобрува работата на црниот дроб.

Доматот е богат со растителни влакна, а влакната се тие кои овозможуваат да се чувствуваме сито. Порција салата со домати содржи повеќе влакна од цеден сок од домати, но и сокот е одлична опција ако преферирате течна закуска.

Истражувањето направено на Тајван каде научници на Кинескиот универзитет следеле 25 жени на возраст од 20 до 30 години, чија задача била да пијат чаша сок од домати дневно, заклучиле дека за 8 недели колку што траел проектот сите жени загубиле 2,5 сантиметри масни наслаги околу струкот, а нивото на холестерол се намалило за 10 отсто.

Група научници од Јапонија пак, утврдиле дека доматот го активира човечкиот организам да согорува повеќе масти зашто содржи специфична масна киселина 13-oxo-ODA која овозможува тоа да се случува дури и без физичка активност.

 

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...