Зошто и колку треба да вежбате: 9 придобивки од редовна физичка активност

Пишува – Марија Кочевска, сопственичката на фитнес клубовите 60 Минути (девојката која се избори со вишокот килограми и служи како инспирација за девојките и дамите).

Марија, некогаш и денес

Марија, некогаш и денес

 

Веќе ви е познато дека вежбањето го подобрува кардиоваскуларното здравје, ја зголемува мускулната маса и оформува вашата фигура. Но, тоа не е се. Има уште многу други придобивки кои се резултат на редовната физичка активност – од подобрување на расположението до подобар сексуален живот и воопшто посреќен живот во целина. Без разлика на вашата возраст или физичка способност, бројни истражувања покажуваат дека одвојувањето време за вежбање овозможува и сериозни ментални придобивки. Доколку вашиот избор се кардио тренинзи тогаш ви препорачуваме минимум 3 тренинзи неделно, а доколку преферирате вежби за сила и со тежина тогаш препорачливо е да имате барем 4 тренинзи во неделата. Потребно е да ве мотивираме повеќе? Прочитајте ги следниве 9 позитивни страни на редовното вежбање.

marija 14

  1. Со редовна физичка активност имате контрола врз тежината.

Вежбањето ви помага во одржување на посакуваната тежина и секако во губење на вишокот килограми доколку тоа е ваша цел. А знаеме колку е тешко да се задржи веќе постигнатата идеална тежина. Со редовна физичка активност вие трошите калории и тоа континуирано за разлика од оние кои не го прават тоа доволно често. И не е потребно да одвојувате премногу време за тренинг во текот на денот за да ги почувствувате овие придобивки, доволно е тоа да го практикувате редовно односно неколку пати неделно.

marija 6

 

  1. Ја подобрува вашата целокупна здравствена состојба.

Се грижите за здравјето на срцето? Сакате да го спречите високиот крвен притисок? Без оглед на вашата моментална тежина, редовното вежбање го зголемува „добриот“ холестерол (HDL) и ги намалува штетните триглицериди. Освен тоа, ја подобрува циркулацијата при што се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Всушност редовната физичка активност може да спречи голем број срцеви проблеми вклучувајќи и срцев удар, потоа тип 2 дијабетис, депресија, одредени видови рак и артритис.

marija 5

  1. Влијае на расположението.

Потребно ви е покренување на расположението? Или едноставно ви треба да се ослободите од негативната енергија после долг и стресен работен ден? Еден тренинг кој содржи вежби со тежина или кардио активност од минимум 30 минути би биле од голема помош за веднаш да се чувствувате подобро. При физичка активност се стимулираат одредени хемикалии во мозокот и се ослободува ендорфин кој создава чувство на среќа и еуфорија. Истражувањата покажале дека вежбањето може да влијае дури и на ублажување на симптомите кај клинички депресивните пациенти, бидејќи во одредени случаи вежбањето го има истиот ефект како и конзумирањето на таблети против депресија.

marija 8

  1. Го подобрува сонот.

Имате тешкотија при заспивање? Или проблем ви е да останете во длабок сон подолго време? Редовното вежбање е од голема помош за да заспиете многу побрзо и да имате мирен и длабок сон. За некои вежбањето има еднакво дејство како таблетите за заспивање, дури и за оние кои имаат проблем со несоница. Единствено што не е препорачливо да вежбате веднаш пред да си легнете, бидејќи по вежбањето се уште сте полни со енергија и би ви било потешко да заспиете. Активното движење ја покачува телесната температура, и затоа се потребни неколку часови за таа да се врати во нормала, па тогаш му сигнализира на телото дека е време за спиење.

marija 7

  1. Ја враќа „искрата“ во вашиот сексуален живот.

Се чувствувате премногу уморно или можеби надвор од форма за да уживате во физичка интимност? Вежбањето е она што ќе ви овозможи да бидете поенергични, да изгледате и да се чувствувате подобро, посамоуверено и полни со елан, а тоа секако ќе остави позитивен ефект врз сексуалниот живот. Покрај тоа редовното вежбање влијае на порастот на возбудата кај жените.

marija 11

  1. Спречува пад на когнитивните функции.

Со порастот на годините, умствените способности слабеат постепено губејќи многу важни функции во тој процес. Редовната физичка активност, особено помеѓу 25 и 45 годишна возраст влијае на порастот на хемикалиите во мозокот кои го спречуваат ослабувањето на хипокампусот – многу важен дел од мозокот кој служи за добра меморија и одлична способност за учење. Според една студија високо интензивниот тренинг влијае и на подобрување на вокабуларот кај повозрасните генерации.

marija 9

  1. Ја подобрува работата на мозокот.

Многубројни студии укажуваат на тоа дека кардиоваскуларните вежби се значајни за создавање на нови мозочни ќелии (неурогенезис) и во подобрување на целокупното функционирање на мозокот. Се смета дека напорниот тренинг го зголемува нивото на протеини создадени од мозокот (познати како BDNF) кои се од особено значење во донесувањето на одлуки, високото размислување и учење.

marija 2

  1. Ја намалува напнатоста.

Што сметате дека е подобро за ослободување од стрес – топла бања или 20 минути интензивен кардио тренинг? Одговорот може да ве изненади. Хемикалиите кои се ослободуваат за време и по вежбањето помагаат во смирување и релаксирање. Комбинирањето на кардио справите и промена на интензитетот во одредени интервали го намалува стресот, а покрај тоа е и одличен начин за трошење калории.

marija 3

  1. Ја зголемува креативноста.

Најчесто после напорниот тренинг следува топол туш и одмор. Но, можеби наместо тоа би било попаметно да се фатиме за пенкалото. Напорното вежбање во салата може да ја зголеми креативноста дури и нешто подолго од 2 часа по тренингот. Затоа следниот пат кога ќе ви недостасува малку повеќе креативност навратете кај нас во сала најпрво да го загреете телото но и умот.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...