Зошто кучињата ја накривуваат главата кога им зборуваме?

Веројатно сте забележале дека кога вашето куче ќе чуе некој необичен звук, или кога нешто му зборувате, тој ја навалува главата на страна.

Сакаат да не слушнат подобро

Кучињата имаат подвижни ушни школки, што им овозможува да го лоцираат изворот на звукот, а со помош на мозочните функции го одредуваат времето на звукот што стигнува до ушите.

Кога кучето ја движи главата, му се снабдуваат дополнителни информации, односно му помагаат подобро да го лоцира местото и оддалеченоста на изворот на звук.

Се обидуваат да не разберат

Според Стивен Линдски, експерт за однесување на кучиња, миленичето се обидува да идентификува познати зборови или тонови кои го поврзуваат со награда (прошетка или колаченце).

Мускулите на средното уво на кучето го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењата на главата, па некои експерти заклучуваат дека кучето ве слуша на овој начин и се обидува да комуницира.

Можат подобро да ни го видат лицето

Во обид да не разберат, кучињата ги користат не само нашите зборови и интонација, туку и изрази на лицето, говор на телото и движења на очите.

Затоа со накривувањето на главата, тие се трудат подобро да го видат изразот на нашето лице.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП(22. ДО 28. НОЕМВРИ): Добри вести за Биковите, љубов за Шкорпиите и Рибите, стрес за Вагите…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Скорпија за да влезе ...