Зошто лебот со кисело тесто е еден од најздравите лебови?  

Лебот е една од главните намирници на нашата трпеза и претставува важна состојка во исхраната на децата и возрасните. Прашањата кои најчесто си ги поставуваме е дали тој е здрав за јадење, oд што е направен, кој леб е најдобар за организмот и колку е потребен во исхраната?

Неоспорно е дека лебот е здрава намирница, направенa од хранливи материи потребни за човековиот организам. Тој е неопходен сегмент во исхраната поради здравствените придобивки за организмот. Лебот е потребен за правилен раст и развој, но и за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Постојат повеќе видови на леб, а исто така и различни начини на негово производство.

Лебот со кисело тесто се смета за еден од најстарите начини за подготовка на леб. Овој леб има подобар нутритивен профил од обичниот, со здрави јаглехидрати, протеини, растителни влакна и витамини.

Фурнаџискиот леб со кисело тесто, кој неодамна го произведе компанијата Жито Лукс, претставува ароматичен леб замесен по уникатен рецепт, со одлична свежина и густа структура. Клучната состојка на производот од оваа компанија е киселото тесто, кое нуди природна форма на квас и го прави лебот мек и многу вкусен.

Достапен е во две варијанти – Пченичен и Пченичен-интегрален леб на парчиња, а едно пакување содржи 450 грама.

x

Check Also

Како да препознаете квалитетно сирење?

Во продавниците денес може да се најдат најразлични видови сирења, но и ...