Зошто лудуваме по неа: Веспа, феномен што никогаш не излегува од мода и симбол на слободата!

„Потполно италијански производ каков не сме имале прилика да видиме од римските кочии“

Риналдо Пјаџо целиот свој живот го помина работејќи го тоа што најдобро го знаеше: луксузно опремување на бродови. Во 1884 година, во Џенова, тој ја основаше фабриката Пјаџо проширувајќи ја својата дејност – почнува да се занимава и со уредување на вагони, отмени кочии и посебни камионски кабини. Првата светска војна донесе новини поволни за неговата мачна, повеќедецениска работа- фабриката „Пјаџо“ почнува да произведува авиони, хеликоптери и поморски бродови. Втората светска војна пак, носи пресвртница во целата италијанска економија. Тоа влијае на насоката на развој на „Пјаџо“ која го лансира легендарниот авион Р10 8, во патничка и бомбардерска верзија, но во 1943 година Алијансата ја срамнува фабриката со земја.

За да ги обнови погоните, синот и наследник на Риналдо, Енрико Пјаџо, мора да се обрати во Алијансата која го окупирала теренот и деловите од фабриката кои, колку толку, биле сочувани. Алијансата покажува разбирање кон младиот Енрико и тој ја започнува скромно обновата. Поради недостаток на финансиски средства семејството Пјаџо се префрла на лесни возила. И додека војната се ближеше кон крајот, народот стануваше се посиромашен.

Како да се создаде едноставно, издржливо, комфорно, а сепак елегантно возило достапно за широките маси?, се прашуваше Енрико Пјаџо, кој ја испитуваше секоја можност. Човекот кој во суштина ги мразеше моторите сега сонуваше да создаде револуционерно евтино возило. Нурнувајќи се во познавањето на аеронаутиката, Енрико го замисли возилото направено на рам со рачка за менување на брзини, поставувајќи го моторот на задното тркало, додека предниот дел е лесен за маневрирање. Неколку денови подоцна идеите ги стави на хартија и гледајќи во прототипот МР 6 возбудено извика – „Sembra una vespa!“ (изгледа како оса). И веспата е родена! Беше тоа април, 1946 година.

Возиш и стекнуваш пријатели

Италијанците за првпат имаа прилика да ја видат веспата на страниците на списанието Мотор, на 24 март 1946 година и на црно-белата насловна страница на весникот Ла мото (15 април, 1946), а реакциите на ново-претставеното возило без најразлични. Но, и покрај критиките Енрико Пјаџо не се двоумеше да направи сериско производство на првиот модел Веспа 98 цц. Револуционерното возило беше главна тема на дебати дури и во престижниот римски голф клуб, во присуство на американскиот генерал Стоун, претставник на воената управа на Алијансата.

И мислењата меѓу трговците беа поделени. Некои гледаа на веспата како оставрување на брилијантна идеја, други пак беа скептични. Но последните месеци на 1947 година за „Пјаџо“ беа незаборавни. Производството достигна вистински бум, па веќе следната година серијата беше повторена.

Овојпат, веспа стана уште помоќна со малиот редизајн, претставен преку моделот Веспа 125.

Побарувачката растеше, чудото наречено веспа беше разграбано во 2.484 парчиња, односно се што беше произведено беше веднаш продадено. Веќе следната година веспа се продаде во 10.535 примероци, а во 1948 година ја достигнува бројката од 19.822 продадени мотори. Кога во 1950. почнува по лиценца да се произведува и во Германија се продаваат дополнително уште 60.000 веспи, а само три години подоцна вкупниот број на излезени мотори од фабриката станува 171.200.

 

Медиумите не ја криеја својата љубопитност и одушевеност од ова возило, а угледниот Тајмс го прогласи возилото за „потполно италијански производ каков не сме имале прилика да видиме од римските кочии“. Енрико Пјаџо пак, продолжуваше со проширување на својата фабрика надвор од Италија, а истовремено беа основани различни веспа клубови ширум светот. Клубовите броеја повеќе од 50 илјади членови, вљубеници во ова лесно возило. На Деновите на веспа во 1951 година пристигнуваа 20 илјади ентузијасти кои тврдеа дека со возењето на веспа не само што побрзо и полесно се стигнува секаде, туку попатно се стекнуваат и нови пријателства. Медиумите се огласија на ова прогласувајќи го феноменот веспа за симбол на слободата!

Веспа на филмското платно

Вечно модерна и со чудесна магија во неа, веспа не е само маркетиншки феномен. Таа одбележа дел од историјата. Во годините на „долче витата“ странските новинари ја нарекуваа Италија „земја на веспите“ и таа беше синоним за скутер. Благодарение на својата специфичност, веспата влегува и на големиот екран.

v5Одри Хепберн и Грегори Пек во филмот Празник во Рим беа први во низата на славни кои возат веспа, а кои публиката можеше да ги види во киносалите. Веспа стана неизбежна „актерка“ и во филмовите Квадрофенија, Американски графити, Талентираниот господин Рипли, Драг дневнику и 102 далматинци.

Надвор од екранот ова моторче беше „сопатник“ на славните Ракел Велч, Урсула Андрес, Марчело Мастројани, Џоан Колинс, Џејн Месфилд, Мила Јовович, Џералдина Чаплин, Вирна Лизи, Џон Вејн, Жерар Департје, Џед Лоу, Еди Марфи, Овен Вилсон, Антонио Бандерас, Нани Морети, Мет Дејмон, Хенри Фонда, Гари Купер, Стинг…

 

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...