Зошто моделите практикуваат половина час бокс: Совршен е за стомачни плочки и топење на салото

Покрај „Фит Баланс Интензив“ (интензивни пилатес вежби) кои согоруваат дури 600 килокалории за половина час вежбање и спин транс (брзо возење на велосипед) кое согорува 720 килокалории, боксот е на врвот на физичките активности кои не само што ги топат килограмите, туку ја реформираат структурата на телото и особено ја дефинираат мускулната маса.

b1

Не напразно ангелите на Викторија сикрет, во жестоките подготовки пред големата традиционална модна ревија, од физичките активности на прво место го практикуваат боксот, секојдневно по половина час ( и така цели три месеци).

Еве пет причини зошто девојките се повеќе се одлучуваат за бокс.

1.

Боксот согорува 540 килокалории за половина час до 45 минути (со паузи), и иако важи за тешка физичка активност, позабавен е од спин трансот. Додека во „спин транс“ силите и упорноста ги премеруваме сами со себе, а статичниот велосипед ни служи само како објект, во бокс- вежбите објектот (боксерската вреќа) ја доживуваме како противник, односно како субјект.

b erin-heatherton-victorias-secret

2.

Бокс вежбите може да се прават со прекин на секои седум – десет минути.

И да не претеруваме, сепак не се подготвуваме за најочекуваната ревија во годината, па трензизите може да ги распоредиме на два до три пати во неделата.

И пак велите дека немате доволно време за бокс? Не можете никако да најдете 1 час во неделата само за себе?

3.

Се повеќе девојки од сите страни на светот предност им даваат на бокс вежбите кои гарантираат, меѓу другото, и дефинирање на мускулите околу најкритичниот дел – стомакот.

Оние кои ја пробале оваа „машка“ активност, потполно се согласуваат дека само за еден месец континуирано вежбање „не си го препознале телото пред огледалото“. Се разбира, во позитивна смисла. На листата на тоа што најмногу ги воодушевило (во огледалото) е- „плочки наместо сало и стрии на стомакот“

4.

Лесно се комбинира со други фитнес (посилни или послаби ) вежби.

На пример, бокс вежбите се препорачливи во комбинација со пилатес тренинг кој содржи 30-на вежби кои се изведуваат без пауза и со реквизити (согоруваат 300 килокалории на тренинг), фит-баланс кој претставува комбинација на вежби на статичен велосипед и на под (согоруваат 480 килокалории ) или со јога – вежбите (240 калории).

Резултат – комбиниран тренинг од еден час на бокс со пилатес одговора на два часа трчање или три часа брзо одење или аеробик.

5.

Според најновото истражување кое ни доаѓа од Велика Британија, бокс- вежбите се суперпопуларни бидејќи ослободуваат од негативна енергија, анксиозност и фустрации.

Со други зборови, замислете дека боксерската вреќа е вашиот конкурент или личноста која ве фрустрира, и добро пресметајте се со неа.

И доколку сеуште не ве убдивме „за“ боксот, погледнете го видеото.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...