Зошто некои од нас изгледаат младолико, а некои многу повозрасни?

Резултатите од деталното истражување на американските научници за процесот на биолошко стареење на луѓето покажале радикална разлика меѓу нивното биолошко и хронолошко темпо на стареење.

Некои личности стареат три пати побрзо од своите календарски врсници кои немилозрсниот заб на времето ги прекокнува зашто имаат одлични гени или зашто на тоа влијае околината.

Во истражувањето учествувале 954 луѓе на возраст од 38 години од ист новозеландски град, а во текот на истражувањето биле земени предвид 18 биомаркери за да се воочи брзината со која нивниот организам старее.

Меѓу останатото, нивото на холестерол во крвта, здравјето на срцевиот мускул, функцијата на белите дробови, состојбата на капиларите во задниот дел на окото, телесната тежина, функцијата на бубрезите, здравјето на непцата…

Биомаркерите кај доброволците биле мерени во нивната 28, 32 и 38 година од животот, што на научниците им овозможило прецизно да одредат со кое темпо стареат нивните организми.

Според податоците објавени во стручното списание Proceedings of the National Academy of Sciences, се покажало дека биолошката старост на учесниците варирала меѓу 28  и 61 години.

– Намерата на научниците е истото истражување да го спроведат и меѓу постарата популација, но доколку сакаме да ги спречиме болестите кои се развиваат со оглед на животната доба, мораме да се фокусираме на биолошкиот процес на стареење на младите луѓе. Со стареење со зголемува опасноста од развој на различни болести, вклучувајќи ги и малигните, и ова го правиме за да се обидеме да го спречиме развојот на некои болести во староста, а следниот чекор ни е да откриеме што влијае на темпото на стареење, истана професорот Тери Мофит.

Кај поголем дел на испитаниците воспостановена е компатибилност кога се во прашање хронолошката и биолошката возраст. Кај поединците телото, односно организмот, стареел три пати побрзо во однос на нивната хронолошка животна возраст, а код некои – времето како да застанало.

– Кога повеќе би знаеле за процесот на биолошкото стареење, би можеле поправедно да се однесуваме спрема луѓето од иста хронолошка возраст, вели Мофит и објаснува дека за некои луѓе времето за заминување во пензија на одредена животна возраст е всушност прерано зашто се уште се во полна сила. Иако се уште е рано за заклучоци, истражувањето ќе помогне во методите на испитување за забавување на процесот на стареење.

– Ако навистина сакаме да го пронајдеме начинот за забавување на процесот на стареење и да спречиме развој на низа болести во постарата животна доба, истражувањата ќе мора да ги спроведуваме на млади луѓе. Резултатите од истражувањата ни даваат надеж дека медицината ќе успее да го забави стареењето и на луѓето да им овозможи поздрав и активен живот, заклучува Мофит.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...