Зошто ни е потребно железо?

Железото е есенцијално за сите клетки во организмот. Примарната функција на железото е да биде носител на кислород во телото, како составен дел од хемоглобинот во крвта. Внесувањето на доволно железо е од суштинско значење за здрава крв, добро ниво на енергија и одржување на општата здравствена состојба. 

Недостигот на железо е најчестото и најшироко распространето нарушување во исхраната во светот кое предизвикува анемија. Покрај лекови, има и навистина одлични намирници кои помагаат во подобрување на анемичната состојба кај луѓето и негова подобра апсорпција во организмот.

Компанијата Жито Лукс која секогаш се грижи за своите потрошувачи и постојано изненадува со здрави и нутритивни лебови и брашна, овој пат се посвети на потрошувачите кои долго време се во потрага по извори на железо и започна со производство на леб со просо и црно семе, кој е дополнително збогатен со железо.

Црното семе (nigella sativa) се одликува со богат, ароматичен, малку зачинет вкус и во својот минерален состав семето е богато со железо. Се применувало како лек уште од антички Египет. Се користело за третирање на болести како кашлица, астма, забоболка, дигетсивни проблеми , дијабетис и низа други.

Новиот леб на Жито Лукс со црно семе и просо, содржи големо количество на железо кој во две парчиња содржи 20% железо од препорачаниот референтен дневен внес. Со овој леб луѓето кои имаат недостаток на железо ќе ужуваат во вкусен и нутритивно богат леб кој може да се комбинира со секој оброк.

 

x

Check Also

Грчки колач со портокал – Портокалопита

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...