Зошто после разводот, принцезата Дајана престана да носи облека од Шанел?

Дали некогаш сте почувствувале голема потреба да престанете да одите во одредени ресторани или да слушате специфични песни по болното раскинување со вашето момче? После разводот од принцот Чарлс во 1996 година, принцезата Дајана отиде уште подалеку и престана да носи облека од една марка – Шанел. Засекогаш. Во принцип, веќе неколкупати забележавме дека по официјалното раскинување со сопругот, стилот на Лејди Ди стана поинтересен и опуштен.

Дајана во костум од Шанел, 1992

Ајде да видиме зошто принцезата Дајана донесе одлука да се збогува со креациите на Карл Лагерфелд за Шанел засекогаш, иако оваа конкретна модна куќа отсекогаш била една од нејзините омилени. Дизајнерот со австралиско потекло Џејсон Брендсон, кој имаше шанса да работи со британската обожавана принцеза, откако се распадна бракот со принцот Чарлс, им ја откри на новинарите вистината во 2018 година. Легендарното лого на Шанел со две испреплетени букви C постојано ја потсетуваше принцезата Дајана на предавството на нејзиниот сопруг, неговиот двоен живот, лагите и целата болка што мораше да ја издржи многу години. И покрај тоа што Дијана изгледаше одлично во костумите на Шанел, не можела да се помири со тоа што облеката, чевлите и додатоците ќе „зборуваат“ постојано за нејзиниот неуспешен брак и искуството на понижување.

 

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...