Зошто тестирањето на софтвер е една од најважните фази во создавањето на софтверскиот производ

Динамиката која се диктира во денешното работење им наложува на компаниите и индивидуалците поголема агилност во софтверското работење и тестирање на квалитетот на производите кои ги креираат.

Во таа насока, тестирањето на софтвер станува задолжителен процес со кој се потврдува и докажува дека софтверската апликација (производ) ги задоволува деловните и техничките барања на клиентот, работи според техничките очекувања и може да се имплементира со потребните карактеристики. Дополнително, преку проверка на квалитет на софтверот се посочуваат дефектите и грешките што се направени за време на развојните фази, се овозможува нивно намалување, отстранување и осигурување дека нема да се повторат. Притоа клиентите добиваат проверен производ коj е валидиран според постоечки стандарди за квалитет.

Тестирањето на софтверски апликации се врши од страна на софтверски тестери или QA (Quality Assurance) инженери. Како во сите останати области, професионалците мора да работат според дефинирани стандарди, како и да поседуваат сертификати со кои се потврдува нивното знаење и начин на работење во оваа сензитивна и исклучително важна фаза во создавањето на софтверскиот производ. Софтверското тестирање претставува една од поновите и брзо растечки дејности во ИТ индустријата во Македонија и светот, па затоа потребата од сертифицирани професионалци е огромна. Меѓународниот институт за квалитет на софтвер iSQI, кој притоа е водечки снабдувач на сертификации за различни области во тестирањето, постои повеќе од 10 години и игра голема улога во сертифицирањето на ИТ професионалците. Со над 30.000 сертификати годишно, iSQI го отвора патот за успешен кариерен развој.

iSQI испитите се поддржани од глобална мрежа на акредитирани обучувачи, меѓу кои спаѓа и Семос Едукација, најголемиот компјутерски центар за обука кој го доби сертификатот од ISQI – најдобар партнер за 2018 според квалитетот на спроведени обуки и бројот на положени испити за сертификации кој е повеќе од 300 во 2017 година.

Најпосетувана и потребна обука која е стандард во доменот на софтверското тестирање е ISTQB сертифицираниот тестер. Семос Едукација е акредитиран и единствен провајдер во регионот за сертификација и спроведување на ISTQB обуки, преку кои софтвер тестерите ќе го стекнат потребното знаење и ќе се сертифицираат во овој домен. ISTQB обуките се наменети за сите кои сакаат да се запознаат со принципите на софтверското тестирање, како што се софтверските тестери, програмери, инженери за обезбедување квалитет, менаџери на ИТ компании, студенти по информатичка технологија итн. Главната причина зошто се толку популарни е соодветниот наставен план кој ги исполнува вистинските потреби во пракса. Една од најважните карактеристики на ISTQB е стекнувањето на меѓународно признаен сертификат кој важи низ целиот свет. ISTQB сертификатите овозможуваат неоспорен доказ за квалификација на тестерите, кој игра важна улога во стекнувањето доверба кај клиентите и добивање на развојни проекти во кои голем фокус е насочен кон тестирањето и осигурувањето на квалитет.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...