Зошто треба да ги одберете Супер лебовите пред било кој друг производ?  

Изборот на леб во маркетите може да изгледа како бесконечна потрага по правилното парче. Производи од бело брашно, разни житни култури, цело зрно, сѐ до минималистичките дизајни или шарени бои на пакувањата, влијаат врз одлуката со каков леб да си заминеме дома.

Иако сме пренатрупани со обврски, работа, учење и помагање на децата додека слушаат онлајн предавања во домашни услови, мора да ја имаме на ум рамнотежата на исхраната и важноста од лебот како јаглехидрат во истата. Додека сме присутни на социјалните мрежи, знаеме да наидеме на содржина која повикува дека лебот не спаѓа во иста категорија со здравата храна, треба да се избегнува, а оброците треба да се составени од повеќе зеленчук и овошје, помалку месо, скоро воопшто тестенини и производи од брашно. Токму во овие содржини не е обратено внимание кон балансот на исхраната и што значи правилно функционирање на човечкиот организам, каде мора да се внесуваат разновидни производи во умерена количина.

Вистината е дека нема потреба да се плашиме од овој јаглехидрат. Лебот е неверојатно хранлив и неопходен додаток во исхраната. Е сега, како да одбереме леб кој е разновиден, нутритивен и може да се консумира секојдневно? Прво, да потврдиме дека во секој оброк е препорачан леб, односно едно парче леб, богато со витамини и интегрални зрна. Вашата одлука секогаш базирајте ја на количината на зрна и по можност, гледајте производот да е со цели зрна. Ова ги вклучува алеуроните (житарките), интегралните жита, без додадени засладувачи и масти, кои обезбедуваат влакна, протеини, витамини и минерали за вашето тело. Понатаму, одбрани состојки значат подобар производ. Па така, производителите на брашно и леб кои нудат спој на современа технологија и побарувачка, знаат дека за да се чувствувате и изгледате здраво доволни се неколку внимателно селектирани состојки, со висока нутритивна вредност, спакувани во производ за сите возрасти и сечиј вкус.

На нашиот пазар, компанијата која нуди најголем избор за леб, е компанијата со најголема традиција, Жито Лукс. Компанијата постојано се адаптира на современите текови во исхраната и желбите на потрошувачите, па затоа во богатата палета на производи за сечиј вкус, нуди и категорија на леб кој не остава простор за колебање – Супер лебови со супер состојки (super foods) или Интегрален леб со хељда и амарант, Интегрален леб со спелта и овес, и Интегрален леб со чија и тиква.

Било кој од овие три супер леба содржи интегрално жито, нема додадени засладувачи и палмино масло. Исто така, кој леб и да го одберете, од оваа Супер серија на лебови, е совршениот избор за вашата исхрана и верен придружник на секој оброк.

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...