Зошто децата ви личат на Цеца?

Вие, се разбира, припаѓате на онаа група која не отиде на Ушче за да ја слуша Цеца. И мислите дека Цеца не е Цеца туку е показател колку е длабок амбисот во кој падна Србија. Мислите дека оние 150.000 луѓе кои се „симнаа до реката“ се дно на дното?

Пред две години матурираше ќерката на моите пријатели. Голем аларм се вклучи дома, голема подготовка и возбуда поради важниот момент. Родителите и’ помогнаа да ги оствари своите желби и замисли, изгледаше онака како што сакаше. Имаше духовит заелен фустан со сите рок детали и тил кој тука-таму се надѕираше. Имаше зелени високи старки и зелен прамен во косата. Можеше се’ што сакаше.

Зашто сега за фустанот и детето на матура. Затоа што се работи за исклучок кој го потврдува правилото. Затоа што секоја година во ова време гледам како моите пријатели, уметници, акакдемски граѓани, интелектуаци, без двоумење гордо на мобилниот телефон или на популарните социјални мрежи ги покажуваат фотките за своите ќерки од матурата. Зошто сите тие девочиња изгледаат како Цеца? Зошто моите пријатели им купуваат на девојчињата, со уште повредени колена, „дванаестка“ потпетици? Зошто моите пријатели ги водат тие деца по салони каде ги шишаат, шминкаат и маскираат се’ додека не ги претворат во посакуваниот модел на задоцнетата Србија? Зошто тие неразвиени колкови се бесно стегнати со бодликав штрас, додека ненавикнатите девојчиња се обидуваат да ја одржат рамнотежата на налудничавите потпетици. Зошто тие девојчиња потоа тие фустани ги употребуваат за излегување на белградските сплавови каде треперат под погледите на дилерите, мафијашите, за кои понекогаш некоја и ќе се омажи.

Зошто се чудите што околу 150 000 ваши пријатели,уметници, политичари, ВИП-овци беа да ја гледаат несреќната жена на која на сите страни и испаѓаат вметнатите цицки и газе, која од возбуда, адреналин и неможност да се избори со она што ја снајде,  скока во воздух не знаејќи што друго да прави. Која не е во состојба една реченица да проговори за да им се заблагодари на присутните. Зошто на таа несреќничка родителите и дозволиле да стане Цеца?

ceca koncert5 Зошто на концертот на Цеца Национале беа 100 или 150 илјади луѓе, а на протестот поради згаснување на културата имаше 149 илјади помалку? Затоа што тоа е она мнозинство кое патот не го води во театар, во концертните сали, музеите, библиотеките и на кое не му треба култура. Ним им треба Цеца и „тие Цеца ја сакаат“! И се разбира дека не се „дваесетките“ и штрасот единствена причина зошто децата ни личат на денешна Србија.

Жељка Башиќ – Савиќ

avantartmagazine.com

 

 

x

Check Also

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз ...