Ѕвезда на Инстаграм – Точкастата кошула од ZARA

Белата проѕирна кошула со црни точки од пролетната колекција на модната марка Зара за брзо време стана хит на социјалните мрежи.

Модните инфлуенсерки веднаш го препознаа ова симпатично модно парче и преку фотографии постирани на Инстаграм ни покажаа како може да го носиме во сезоната на потопли денови – со фармерки, со здолниште со контрастно точкаст принт, со црни панталони… Дизајнерите од Зара пак, предлагаат нивната хит кошула да ја комбинираме со здолниште со „анимал“ принт за трендовски изглед.

Женствената нота на кошулата се должи на раскошните ракви и панделката околу вратот.

А вие, би ја носеле ли?

 

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...