Ѕвездите во првиот ред на ревијата на „Интимисими“

Во првиот ред на модната ревија седеа Сара Џесика Паркер, Кјара Ферањи и топ моделот Ирина Шаик.

Вчеравечер се случуваше White Cabaret организирано од модната марка за долна облека Intimissimi, а на ревијата беа претставени новите модели за сезоната есен/зима 2019.

Сепак, вниманието на фотографите го привлекоа ѕвездите кои го наполнија првиот ред. Блогерката Кјара Ферањи пристигна со сопругот Федез, а друштво им правеа глумицата Сара Џесика Паркер и супермоделката Ирина Шаик, поранешна девојка на Бредли Купер.

За првпат беше претставена на модната сцена и машката линија на Intimissimi. 

 

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...