Ѕвездите во првите редови на Њујоршката модна недела

Започна New York Fashion Week , ревиите се во тек, а ѕвездите се појавија во првите редови. Веројатно најфотографирани на оваа њујоршка модна недела се сестрите моделки, Бела и Џиџи Хадид.

Освен дуото Хадид, на важните ревии во првиот ред не недостигаше супермоделот Ирина Шаик. Поранешната девојка на Бредли Купер, која е една од најзборуваните во медиумите поради разделбата со глумецот, беше присутна на ревијата на Том Форд.  Супермоделката повторно преку гардеробата нешто сакаше да порача – сако со принт од прободено срце со нож во комбинација со црвени кратки панталончиња.

Изненадување беше појавувањето на легендарната моделка Кејт Мос, во друштво со нејзината ќерка Лила. Ќеркичката од 14 години многу наликува на мајка си – во фигурата се речиси идентични, косите им се руси, а и двете беа природни, вклучувајќи го и речиси отсуството на шминка.

На ревијата на Longchamp во првиот ред седеше и Кендал Џенер. Американската манекенка носеше мини фустанче во жолта нијанса.

Изненадување беше и англиската актерка Суки Вотерхаус, облечена во женствено бело фустанче.

Вниманието го привлече и „плус сајз“ манекенката Ешли Грем, која го поддржува движењето Body Positive.

Ешли е бремена и очекува дете со партнерот Џастин Ервин. Беше пристигната на ревијата на Кристијан Сириано, облечена во бел, тесен фустан со точки, кои ја следи нејзината силуета и го нагласува бремениот стомак.

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...